Уметноста ги надмина границите

Октомври 1st, 2009

На 10-ти септември годинава, во реномираната галерија „Водникова Домачија” во Љубљана беше отворена самостојна изложба на велешкиот ликовен уметник Живко Пренџов. Насловена „Напуштени ѕидови“ изложбата опфаќа 25 графики на пејсажи и архитектурни амбиенти работени во техниката сериграфија. Пред околу стотина љубители на ликовната уметност од Република Словенија, изложбата ја отвори Мајда Ленич, директор на галеријата. Изложбата предизвика голем интерес во културната јавност во Словенија.
Отворањето беше збогатено и со пригодна културно уметничка програма во изведба на Гудачкиот квартет на Љубљанска филхармонија. Изложбата на Пренџов во галеријата „Водникова Домација” ќе биде отворена до 6-ти октомври годинава. Покрај љубителите на уметноста во Љубљана самостојната изложба на Пренџов имаа можност да ја видат и во Врање и Нови Пазар, Република Србија. Кон крајот на октомври изложбата ќе биде пренесена во галеријата во Кавадарци.

http://www.akademija-art.net/content/view/2358/121/

http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1189

img_3726.jpg  img_3834.jpg  img_3838.jpg
img_3847.jpg  img_3851.jpg  img_3881.jpg

Самостојна изложба на Војко Јаневски во Америка

Октомври 1st, 2009

   Во организација на реномираниот „Cultural Arts Center“ од Колумбус во Охајо, САД пред поголем број американски љубители на ликовната уметност, Војко Јаневски се претстави  со слики, акварели, сепии и керамика.
Изложбата беше отворена во галеријата „Main Hall Gallery“ на 18 јули и ке биде отворена се до 17 август.
Војко Јаневски е еден од македонските уметници, чиј опус открива автор со немирен дух на истражувач низ времето и просторот на човековите универзални вредности.
Ликовно опсервирајќи го времето, просторот, природните движења, животот и цивилизациските дострели низ изминатите епохи, притоа селективно со нему својствен  ликовен јазик акцентирајќи ги суштинските вредности низ времето и просторот, реликвиите на предците ги анимира во прекрасни тродимензионални монументални форми со препознатлива патина и ерозија, наталожена низ вековите.
Јаневски на тој начин на своите форми им обезбедува архаичност и патина, инкорпорирана во обликот, композицијата, формата, нагласената структура и нагласените монохромни валери на светло - сенките.

255.jpg  256.jpg  257.jpg  258.jpg  259.jpg  269.jpg  270.jpg       271.jpg        272.jpg

Живко Пренџов во Нови Пазар

Јуни 18th, 2009

  Изложбата на графики на Живко Пренџов, во техника сериграфија, од Врање се пресели во Нови Пазар. Пред голем број на љубители на уметноста изложбата ја отвори д-р Фехим Хусковиќ.
Делата ќе бидат изложени од 13. 06. до 30. 06. 2009 во просториите на интернационалниот универзитет на Нови Пазар

Живко Пренџов во Врање

Април 16th, 2009

   На 15 април во галеријата на народниот универзитет во Врање, отворена е самостојна изложба на графики од Живко Пренџов. Пред поголем број посетители изложбата ја отвори Џемил Бектовиќ, историчар на уметност и ликовен критичар од Скопје. Изложбата ќе биде отворена до 30 април.

img_2858.jpg  img_2856.jpg  img_2854.jpg  img_2853.jpg  img_2852.jpg  img_2850.jpg

za-eden-den-molam.jpeg   vardar.jpg 

sv-boborodica.jpeg  stobi.jpg

Татјана Медарова

Декември 8th, 2008

  Третата по ред самостојна изложба на Татјана Медарова, која на 6. 12. 2008 год. се претстави пред велешката јавност со ликовни дела изработени во четири различни ликовни техники.
Преку изложбата насловена  ОДЗАДКАМЕН, Медарова ни дава повеќе можности за увид во дефинирањето на нејзиниот сложен имагинарен свет, плод на истражувачкиот немир, градејќи го сопствениоткомплексен ликовен систем, трудејќи се да создаде свој препознатлив ракопис.
Медарова дипломирала на ФЛУ во Скопје на педагошки одсек сликарство во класата на Рубенс Корубин.
Се занимава со сценографија, костимографија и дизајн. Изложувала во Софија, Берлин и на повеќе групни изложби.
Тел. 00 389 70 993 997
E-mail: tanjamedar@yahoo.com

img_1462.jpg    img_1464.jpg    img_1465.jpg
img_1466.jpg   img_1469.jpg    img_1467.jpg  

 

   img_1470.jpg   img_1468.jpg   img_1472.jpg  
img_1474.jpg   img_1463.jpg   img_1473.jpg

„ПАПРАДИШКИ МАЈСТОРИ“ 2008

Ноември 12th, 2008

Во периодот од 9. Јули до 18. Јули 2008 во планинарскиот дом во село Папрадиште, во организација на Општина Велес се одржа сликарско – копаничарска колонија Папрадишки мајстори. На колонијата учествуваа дваесетина автори од Македонија и странство.

Учесници и дела:

smrtta-na-racin-natasa-bozarova.jpg
Ната
ша Божарова, Македонија

pejzaz-kamen-krumov.jpg
Камен Крумов, Р. Бугарска

dzid-aleksandra-petrusevska.jpg
Александра Петрушевска

peizaz-2-vanco-kekov.jpg
Ван
чо Кеков, Македонија

radost-tanja-medarova.jpg
Та
ња Медарова, Македонија

kopacite-ilco-stojanovski.jpg
Ил
чо Стојановски, Македонија

ljubovta-na-raca-maja-stojanova.jpg
Маја Стојанова, Македонија

solunska-glava-djoko-antoniev.jpg
Ѓоко Антониев, Македонија

patot-na-dusite-zivko-prendzov.jpg
Живко Пренџов, Македонија

lipa-nikola-pijanmanov.jpg
Никола Пијанманов, Македонија

bez-naslov-tomaz-miloc.jpg
Тома
ж Милоч, Словенија

pogled-na-ana-miletic.jpg
Ана Милети
ќ, Србија

solunska-glava-2cvetanka-jovanova.jpg
Цветанка Јованова, Македонија

majka-so-dete-milovan-bekonja.jpg
Милован Бекоња, Србија

cvetna-kompozicija-tode-veljanovski.jpg
Тоде Ве
љановски, Македонија

loza-so-ptica-dragan-zelenikovski.jpg
Драган Зелениковски, Македонија

ribarot-jordan-spasov.jpg
Јордан Спасов, Р. Бугарска

lirika-zoran-djordjievski.jpg
Зоран
Ѓорѓиев, Македонија

rozeta-ljubomir-bisin.jpg
Љубомир Бисин, Македонија

 

Триесетина дела изработени за време на колонијата во техниките масло на платно, акварел, скулптури во дрво и керамика, како и шест резби беа презентирани пред Велешката јавност по повод 9-ти Ноември, празникот на градот.
Изложбата ја отвори Живко Пренџов, претседател на Друштвото на ликовни уметници и координатор на колонијата „Папрадишки мајстори“. Присутни беа стотина посетители меѓу кои и г. Ерван Фуере, претставник на ЕУ за Македонија, градоначалникот на Велес г. Аце Коцевски, градоначалниците на збратимените градови од Р. Србија и Р. Бугарија, македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и др.

prendzov.jpg d-r-fehim-huskovic-ljubinka-manceva-d-r-liljana-prendzova.jpg zivko-prendzov-ervan-fuere-ace-kocevski.jpg dscf2639.jpg dscf2640.jpg ucesnici.jpg vlatko-stefanovski.jpg img_5120.jpg dscf2643.jpg

50-та САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ФЕХИМ ХУСКОВИЌ

Септември 19th, 2008

   Во четврток 11.09.2008 год. во 20 часот во Ликовниот салон  во Велес отворена е 50-та самостојна изложба на слики, графики и цртежи на ликовниот уметник  проф. д-р. Фехим Хусковиќ.
Авторот  роден е во  Оризари - Велешко 1967  год. Дипломирал на Факултет за ликовни уметности, отсек графика и постдипломски студии, а докторирал на  Софискиот универзитет за ликовни уметности.
Професор е на Академијата за ликовни уметности во Скопје.
Хусковиќ има реализирано над 50 самостојни изложби во земјава и странство, а учествувал на  преку 400 групни излоби и над 60  колонии. Добитник е на 20 меѓународни награди од областа на сликарството, графика и цртеж.

dscf2507.jpg dscf2505.jpg

dscf2514.jpg dscf2517.jpg

 dscf2516.jpg dscf2522.jpg dscf2519.jpg

   Широкиот дијапазон на ликовни техники дополнително го вознемирува окото и ве остава немирни додека го гледате неговиот опус.  На изложбата ќе се претстави со  четири издвоени целини. Цртеж со колористична сензација и без неа, динамичен, линеарно чист, лиричен, асоцијативен. Во основа изразноста ја сведува во насока на пејзажот како комплементарен сооднос на сета природа околу. Некаде тој е јасен и доволно асоцијативен, граден со напластување на структура и боја која е на моменти густа и покривна, за подоцна да премине во лирична и транспарентна, поддржана од линеарен колористичен цртеж кој преминува во импресионистичко доживување од кратки силно обоени допири од четка врз претходно изградена подлога. Просторот на пејзажот, од ликовно чиста валерска поставеност, преминува кон структура која е студена и стаклено искршена површина отсутна од живиот предел, потхранета од она што пејзажот го остава по годишниот циклус небаре тој преминал во друга состојба која во себе ја има карактеристиката на вечност (сува гранка, карпа, камен, цвет израснат во малку земја, ветер и сонце – апсорбиран и единствен во целиот предел на сликата). Третата издвоена целина го нема просторниот ефект и како да го изгубила пејзажот, како да преминала во чисто енформелистичко градење на површините или нивно доведување во заемен контакт и визуелен сооднос кој ја гради целата слика. Во овој дел од сликарството кај Фехим се забележува силното експериментирање со материјалите и содржината на сликата. Од колористичното доживување до прашањето на формата или цртежот таа има за цел да премине понатаму кон ново истражување и ликовно искажување.
Хусковиќ во Ликовниот салон ќе се престави со четириесетина  дела.

Новогодишна изложба

Февруари 12th, 2008

По повод Новогодишните празници, Друштвото на ликовните уметници на Велес, организираше изложба на слики, цртежи и дела изработени во тековната година. Изложбата беше реализирана со средства од Министерството за култура.

 graphic1.jpg graphic2.jpg graphic3.jpg

Изложба од колонијата „Папрадишки мајстори“ 2007

Ноември 13th, 2007

Празникот на градот беше одбележан и со традиционално свечено отворање на изложбата на сликарско копаничарската колонија „Папрадишки Мајстори“ 2007. За љубителите на ликовното творештво овојпат својот свет го открија 18 уметници од Македонија, Србија и Бугарија кои годинава учествуваа на колонијата.
Ликовниот салон блесна со нова уметничка визија инспирирана од убавините на Папрадиште согледана преку делата на уметниците.

 

p1010010.jpg     p1010002.jpg

Самостојна изложба на Војко Јаневски

Ноември 1st, 2007

vojko0.gifВојко ЈАНЕВСКИ e роден 1940 год. во с. Грнчиште, Велешко. Академија за ликовни уметности завршил во Загреб, во класата на проф. Вања Радауш во 1968 год.

Од 1968 год. до 1970 год. бил соработник во Мајсторската работилница на проф. Вања Радауш во Загреб. Член е на ХДЛУ од 1969 год. до 1981 год., а потоа на ДЛУМ од 1981 год. Член е на ДЛУВ од 1973 год. и на ДЛУПУМ од 1974 год.

Самостојни изложби

* Загреб 1970
* Велес 1977,1986,1991,2001, 2001, 2003,2004 и 2007
* Скопје 1981,1994,2000 и 2000
* Куманово 1992 и 2005
* Битола 1993
* Струмица 2002 и 2004.

Има учествувано на повеќе од 200 групни изложби во земјата и странство.

pa242806_resize.jpg pa242809_resize.jpg pa242810_resize.jpg pa242811_resize.jpg

pa242812_resize.jpg  picture-256_resize.jpg

Војко Јаневски е еден од македонските уметници, чиј опус открива автор со немирен дух на истражувач низ времето и просторот на човековите универзални вредности.

Ликовно опсервирајќи го времето, просторот, природните движења, животот и цивилизациските дострели низ изминатите епохи, притоа селективно со нему својствен ликовен јазик акцентирајќи ги суштинските вредности низ времето и просторот, реликвиите на предците ги анимира во прекрасни тродимензионални монументални форми со препознатлива патина на ерозија, наталожена низ вековите.

Јаневски сходно на тематиката и пораката свесно својот најнов циклулус цртежи (асоцијативни форми и слики) го реализира во сепија (анимален пигмент, употребуван во антиката како мастило пo Плинтие, а во втората половина на 18 век наоѓа широка примена во уметноста - акварелог), со големи валерски можности и асоцијатавни ефекти, успешно ја пренесува основната идеја на минливоста и губењето на сјајот на материјалното човеково достигнување.

Јаневски на тој начин на своите форми им обезбедува архаичност и патина, инкорпо-рирана во обликот, композицијата, формата, нагласената структура и нагласените монохромни валери на светло-сенките.

Живко Вегаотвски
Историчар на уметност